(ВИДЕО) СДСМ: Земјоделците останаа без вода, ризично е и за Битола и РЕК

Од:

„Она на што опоменувавме и од што стравувавме, за жал стана реалност. Од февруари, кога се појави свлечиште на главниот стрежевски канал, досега, надлежните од власта на ВМРО ДПМНЕ не презедоа ништо да се санира проблемот“, рече на денешната прес конференција, Васко Ковачевски, Пратеник и Претседател на ОО СДСМ Битола.

„Поради тоа, од вчера во прекин е главниот канал преку којшто се снабдуваат со вода градот Битола, земјоделците во Пелагонија, а вода користи и главниот енергетски комбинат, РЕК Битола.

На овие тропски горештини, од вчера без капка вода останаа земјоделците во битолско, кои изминатиот период го поминуваа со рестрикции и со мал притисок на вода.

Излезени сме на терен со земјоделците кои со право се загрижени за родот и егзистенцијата.

Не се утеха најавите дека ќе се направи обид градот и комбинатот денеска да не останат без вода, бидејки проблемот со оштетениот водоводен канал е сериозен, што бара време за решавање.

За ваквото неодговорно однесување, ВМРО ДПМНЕ и нејзините кадри ќе мора да понесат одговорност“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра