(ВИДЕО) СДСМ Битола: Пзараџиите од новиот Пазар обезправени!

Од:

„При секојдневните средби со граѓаните, до нас пристигнуваат бројни поплаки за напластените прблеми од неодговорната власт.

Производителите на сезонско овошје и зеленчук кои продаваат на реонскиот пазар се чувствуваат онеправдени затоа што плаќаат повеќе пари за закуп на тезга. Тоа ја отежнува нивната егзистенција“, рече на прес конференцијата, Зоран Стојчевски, советник во О. Битола од редовите на СДСМ.

„Затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата на следната седница на Совет ќе побара проширување на Дневниот ред со нова точка за Дополнување на Одлуката за цените во Реонскиот пазар.

Според барањата на нашите сограѓани, производители на сезонско овошје и зеленчук кое се продава во реонскиот пазар во Нова Битола т.е. Новиот Пазар, ќе побараме:

 Наплатата на паушалот да биде на дневна основа, како што е на Централниот пазар

 Ова дополнување да важи за местата кои што се означени за таа намена и дефинирани со Одлуките на Советот на Општина Битола

Со исполнување на ова барање на производителите на сезонско овошје и зеленчук се внесува рамноправност и конкурентност со што значително им се помога.

Очекуваме барањето на советниците од СДСМ и коалицијата да биде прифатено и поддржано и од владејачкото мнозинство, во интерес на граѓаните“, изјави Зоран Стојчевски, советник во О. Битола од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“