„Пред почетокот на грејната сезона општина Битола повторно е еден од најзагадените градови во Европа. Иако ваквата состојба се повторува со години и претставува сериозна закана за здравјето на битолчани, општината нема ниту план ниту волја да го реши проблемот со загадувањето.
Општина Битола е единствена општина во Македонија која нема ниту еколошка програма ниту еколошки катастар.
Но во 2016-та. во Општина Битола има 2040 лица кои се лечат од канцер и над 5000 нови иселени граѓани.
Наместо да превземе конкретни мерки за намалување на загадувањето, општината раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ дозволи процедура за отворање на каменолом кој претставува дополнителна закана за зголемување на загадувањето.
Нашата советничка група уште пред седум месеци побара конкретни одговори од општината на некоилку теми. Тогаш побаравме:
- Да се запре постапката за отворањето на каменоломот во месноста Бил Бил камен, се додека јавноста не се информира за резултатите од истражувањата за последиците врз здравјето на граѓаните.
- Јавноста да биде информирана дали каменоломот има Б интегрирана дозвола која е основа за работа на каменоломот.
За жал, до денес, ништо не е превземно околу овие прашања.
Наместо да превземе мерки за решавање на овие проблеми раководството на општината продолжува да се занимава само со тендери и лично богатање.
Со поставува логичкото прашање, за чии интереси работи Општина Битола?
За интересите на поединци и фирми блиски до ДПМНЕ или граѓаните на општина Битола?
Затоа на 11 декември граѓаните ќе ги казнат лошите политики на централно и на локално ниво.
По демократските промени, доаѓа влада на која граѓаните ќе бидат и прв и најважен приоритет“, изјави советникот од редовите на СДСМ, Горан Козаров