(ВИДЕО) СДСМ Битола: Општина Битола продолжува со незаконско работење

Од:

Додека Талески е под истрага на СЈО, општина Битола продолжува со незаконско работење.

„Ова е огласот за вработување на државни службеници во Општина Битола од 26-ти август 2016-та година, со којшто директно се крши Законот за вработуање во јавниот сектор! Општината треба да има годишен план за вработување кој треба да биде доставен и усвоен од страна на Советот на Општина Битола до 31 Март 2016-та година.

Таков план за вработување Советот нема изгласано.

СДСМ ќе поднесе прекршочна пријава против Општина Битола како објавувач на овој оглас!

Дополнително, во овој оглас, секое работно место е врзано за национална припадност. Имено, Советник за локални патишта и улици – треба да биде Албанец, раководител на одделение за административни и општи работи – треба да биде Македонец, Советник за водење на постапка за јавни набавки – треба да биде Ром.

Овој оглас е чист акт на дискриминација.

Со ова директно се крши членот 9 од Уставот на Р.М кој гарантира еднакавот пред правата и обврските без разлика на националната, етничката, родовата и социјалната припадност.

СДСМ најостро реагира на злоупотребата и поделбата на граѓаните што ја прави ВМРО-ДПМНЕ, како и на кршењето на Уставот на Република Македонија. Работните места треба да се поврзани со стручност, образование и компетентност, а не да создаваат дополнителни раздори и етнички поделби“, изјави советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески.

 

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните