(ВИДЕО) СДСМ Битола: Опозицијата нуди промени во образовната политика

Од:

„Сите сме свесни во каква состојба се наоѓа образованието во Република Македонија денес и во какви услови учат и работат децата и наставниот кадар.

  • Пропаднат проект “компјутер за секое дете”.
  • Притисоци, казни и заплашувања на наставниот кадар.
  • Преголемо оптеретување на децата со материјал и фонд на часови.
  • Лоши услови за работа, блокирани сметки, ладни простории, немање на средства за хигиена“, рече Горан Милевски, кандидат за Пратеник од ИЕ 5.

„Токму од овие причини со нашата Програма сакаме да направиме Промени и во сферата на образованието:

  • Ќе го укинеме екстерното тестирање како проект кој побуди најголем револт кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците како и на самите ученици.
  • Ќе воведеме поголема грижа и заштита на наставниците и ќе делуваме на нивната мотивација, наспроти притисоците, заплашувањата и казните кои ги трпат во изминативе години од страна на инспекторатот.
  • Вработените во најдобрите училишта во државата ќе добиваат 30% повисока плата во наредните 12 месеци
  • Повисока плата ќе добиваат и наставници чии ученици добиле награда на градски и државни натпревари
  • Ќе воведеме нови звања за наставниот кадар кои ќе имаат значајна улога во нивната кариера и бенифиции.
  • Наставниците ќе ги ослободиме од непотребните административни обврски за да можат целосно да се посветат на воспитанието и образованието“, вели Горан Милевски, кандидат за Пратеник од ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев