ВИДЕО: СДСМ Битола најави прекршочни пријави за членови на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со вчерашната пародија на младите од  ВМРО-ДПМНЕ тие само го потврдија агресивното и недемократско однесување на власта, која иако се обврза за фер и демократски избори, тоа не го почитува, обвинуваат од битолскиот СДСМ.

Според Изборниот законик, забрането е во кампања да се инволвираат малолетни лица. Но, тоа очигледно не важи за ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Младите – малолетници, членови на оваа владејачката партија, вчера лепеа нивни плакати на билборд на „Сојузот за иднината” во Битола, што е казниво според Законот.

Од СДСМ –Битола денес најавија соодветни пријави

„Затоа ние сме приморани против нив да поднесеме прекршочни пријави до СВР –Битола и до Основниот суд во Битола.

– До градоначалникот Владимир Талески и до нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ апелираме да покажат разум и да ги почитуваат правилата за фер и демократски избори, бидејќи и тие можат да сносат одговорност за некоректното однесување и инволвирање на малолетни лица во изборна кампања“, рече Златко Алексовски, кандидат за советник од Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?