(ВИДЕО) СДСМ: Бесплатен превоз за младите секој ден наместо тешко достижниот четврток на власта

Од:

Откако Владата на Никола Груевски под притисок на јавноста, се одлучи да додели еден бесплатен автобуски ден за студентите, сега ги малтретира младите со дополнителни бирократски обврски, рече Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Најпрво, младите за да можат да се возат бесплатно секој четврток, наместо студентски Индекс ќе мораат да приложат посебна легитимација.

Редовните студенти ќе треба да приложат заверено барање и фотографија до ЈСП, а на вонредните ќе им треба и потврда од Агенцијата за вработување дека не се во работен однос како и здравствена легитимација на увид!

Ова се дополнителни и непотребни административни работи, кои на студентите им задаваат проблеми, бидејќи како што велат и тие, службите на факултетите се бавни и се чека по неколку денови за една формална потврда.

Во оваа прилика го повторуваме ставот на Социјалдемократскиот Сојуз.
Ние се залагаме за бесплатен јавен превоз на студентите, СЕКОЈ ДЕН, а како единствена легитимација да се користи студентскиот Индекс. Неколкупати го предложивме ова решение и до Советот на Град Скопје, но мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ не се согласува.

Студентите се моторот на секое општество, но за жал во оваа земја тоа ниту се сфаќа, ниту нешто се прави за да се смени.

Тоа што за власта поголем приоритет има на пример 15 – милионско панорамско тркало, наместо стандардот на младите, е класичен доказ дека тендерите за оваа власт се пред и над се.

Ја повикуваме власта на Никола Груевски, да го прифати предлогот на СДСМ за бесплатен автобуски превоз за студентите, секој ден, а во меѓувреме да ги олесни бирократските процедури за најавениот “бесплатен четврток“.
Во спротивно ќе се покаже дека нивниот предлог е само фарса, а не вистинска желба да се излезе во пресрет на студентите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот