(ВИДЕО) СДСМ: 12 години Ѓорче Петров нема никаков развој

Од:

„На општина Ѓорче Петров и е неопходен нов начин на водење на општината, наспроти 12-годишното неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалникот Сокол Митровски.

За време на трите мандати владеење, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ потроши над 50 милиони евра пари на граѓаните! Ја задолжија општината со кредити од 160 милиони денари!

И покрај овие огромни потрошени суми и задолжувања, граѓаните немаат основни услови за функционирање.

Погледнете ја оваа амбулантата што се распаѓа, каде што луѓето се упатени да се лекуваат. Не е само амбулантата.

Децата во основното училиште во Ново Село Тихомир Милошевски учат во несоодветни просторни услови. Нема доволно места во градинките за децата и родителите на кои им е тоа потребно. Улиците стануваат езера при првиот дожд.
Ѓорче Петров 12 години е општина без никаков локален економски развој. Без гасификација, без функционални индустриски зони.

По промените што се случија на парламентарните избори, следуваат промени и на претстојните локални избори. Општина Ѓорче Петров заслужува локална власт којашто ќе работи во интерес на граѓаните и од општина Ѓорче Петров ќе направи модерна европска општина“, изјави Костадин Ацевски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров..

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Која општина колку должи и зошто: Ѓорче Петров со најголем минус, Аеродром со најмногу пари во каса

Кристијан Ландов