(ВИДЕО) СДММ Прилеп: Заедно да чекориме за европската иднина на младите

Од:

„Државата одлучно чекори напред во подобра иднина. Приклучете се! Ајде заедно да чекориме за нашата заедничка иднина во европското семејство.

Да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори изолацијата, несигурноста, премрежјата и апатијата од минатото.

Почитувани млади од ВМРО-ДПМНЕ, не дозволувајте повторно да бидете заложници на мрачните политики на избеганиот Никола Груевски. Да ги надминеме партиските и сите други поделби и да застанеме на вистинската страна. Страната која овозможува европско и стабилно семејство, во кое сите ние ќе бидеме еднакви со нашите врсници од европските земји“, рече Александар Ѓорѓиоски – член на СДММ при ОО СДСМ Прилеп.

„Изминатата 2018 година е показател дека сме на вистинскиот пат. Во државата влегоа рекордни 625 милиони евра странски инвестиции. Невработеноста полека, но сигурно се намалува.

Со напредокот во интеграциите забрзано се отвораат и европските фондови и програми, а со тоа можноста за студирање на најдобрите европските факултети. Инвестициите ќе доаѓаат во уште поголем број. Тоа значи нови работни места и нови можности за сите млади во државата.

Овој правец мора да го задржиме. Затоа сега ни е потребен вистински Претседател кој ќе биде мотор на нашата заедничка европска иднина. Претседател кој ќе биде гласот на младите.

Стево Пендаровски е тој човек. Човек кој ги разбира младите, ги знае нашите потреби, и пред се’ човек кој обединува.

Стево Пендаровски ќе биде Претседател, кој гласно ќе зборува против секоја власт што ќе ги загрозува интересите на младите и на сите други граѓани.

Затоа сега е најпотребна поддршката на младите. Да гласаме за Стево Пендаровски. Заедно напред за нашата иднина“, изјави Александар Ѓорѓиоски – член на СДММ при ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он