(ВИДЕО) СДММ: Младите застануваат зад Стево Пендаровски

Од:

„Младите сакаат просперитетна и прогресивна држава. Гордо исправена држава, во која ќе стоиме рамо до рамо со своите генерации од најразвиените европски земји и членки на НАТО.

Затоа застануваме зад Стево Пендаровски! Застануваме зад Стево, затоа што ќе биде Претседател на сите граѓани подеднакво. Затоа што во ликот на Стево, Македонија добива Претседател кој ќе ги предводи интеграциските процеси на државата, ќе придонесе за животот на сите млади, за економијата, за прогресот.

Во овие моменти кога Македонија забрзано чекори напред, кога градиме пријателства и мостови со соседите и со европските земји, кога овозоможуваме нови бизнис можности и повеќе пари за граѓаните, Стево ќе биде ветар во грб на сите овие процеси.

Еве ја шансата конечно да добиеме Претседател кој заедно со сите нас, ќе влече напред, кој ќе не’ обединува и сплотува во нaшите заеднички напори за влез во европското семејство.

Еве ја шансата да добиеме Претседател, кој ќе биде и вистински коректор во општеството, партнер на младите и на сите граѓани, а не партиска марионета.

Затоа ги повикуваме сите млади, ајде да се мобилизираме, да не дозволиме да бидеме заложници на политиките на поделби кои влечат назад, а ги промовира послушникот на Груевски, Христијан Мицкоски. Заедно да чекориме напред, за сигурна и подобра иднина на сите млади“, рече Елизабета Синадиноска – СДММ на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“