(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Од:

Политичките партии ГРОМ, Интегра, и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, а првиот човек на ПЦЕР, Самка Ибраимовски ќе биде носител на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица 5.

– Повеќе од 30 години живееме во црно бело свет. Доста е да не водат фамилијарни кланови и потрчоковци од партиските штабови и нема што да прават освен да се закачени на државна цицка. Граѓаните се ставени пред чин како да немаат опција. Да сфатиме дека има излез и светлина на крајот од тунелот. Овојј брод Македонија плови во немирни води, едни лево едни десно, виткаме кичма, прифаќаме се што се бара, немаме дефинирани црвени линии за ниту едно прашање. Ние сме со македонскиот народ и го почитуваме нивниот идентитет.

Лично го познавам Љупчо Ристевски, тој е чесен граѓанин. Со Стевчо се знам откако беше министер а јас заменик министер од времето кога воведовме Декада на Ромите.

Бог ни дал природни богатства и убава земја со 360 дена сонце, а ние живеееме во мрак. Само нивните ли деца треба да живеат, а нашите деца и внуци да живеат и се иселуваат по светот.

Потребен ни е рестарт во судството, здравството и образованието. Да ги зачуваме младите кои се се уште тука, да ги напградиме студентите и бизнисите кои придонесоуваат за развојот на земјата – истакна во својот говор Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ