(ВИДЕО) Сајкоски: Кирацовски се меша во автономијата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Од:

Ѓорѓија Сајкоски денеска на прес-конференција изјави дека Александар Кирацовски започнал директно да се меша во академската слобода и автономија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“.

– Изјавата на Александар Кирацовски за преместување на Правниот факултет од Кичево во Битола е скандалозна. Недозволиво е политичар да се меша во автономијата на Универзитетот и да донесува одлуки во име на Универзитетот. Универзитетот ужива неприкосновеност на автономијата, која му се гарантира со Законот за Високото образование на Република Македонија. Кирацовски му го одзема законското право на Универзитет „Свети Климент Охридски“ сам да одлучува за планирањето, остварувањето и развојот на високообразовната дејност, рече Сајкоски.

Тој додаде дека Кирацовски директно го загрозува правото на Универзитетот сам да одлучува за воспоставување и уредување на внатрешната организација.

– Кирацовски ја ускратува и можноста на многу општински институции и приватни компании да се развиваат со тоа што имаат можност да соработуваат со Правниот факултет во Кичево. Меѓу другото оваа одлука носи огромна штета на општина Кичево. СДСМ повторно му наштетува на Кичево овој пат преку образованието на младите од оваа општина и регионот. Очигледно е дека СДСМ не сака да има ниту студентски развој ниту развој на факултет во Кичево, каде младите ќе имаат можност да ги надградуваат своите интелектуални капацитети. СДСМ и Кирацовски се однесуваат како законите да не важат за нив, рече Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?