(ВИДЕО) Сачевска: Се повеќе личиме на робовладетелско општество

Од:

Ова не е партиски протест, ова не е директива. Политиката ја водат политичарите. Ова не е бизнис форум ова е граѓанска Фејсбук иницијатива, ова е спонтано собирање и ние сме обични луѓе, кои се охрабрија да го кренат својот глас. Се води специјална војна против граѓанското општество, рече пред протестот Лилјана Сачевска, во име на Фејсбук граѓанската иницијатива УДАР.

Имаме квалитетен стручен кадар, вистински експерти, но ја напуштаат државата и не се враќаат, знаете ли зошто? За нив овде нема ниту позиција, ниту вреднување. Не залажуваат со странски инвестиции, сомнителни странски фирми ги ослободуваат од сите можни давачки кон државата, а за возврат како награда им ги даваат нашите луѓе како евтини робови. Се повеќе личиме на робовладетелско општество. Синдикатите ни се претворени во рекламен материјал на власта. На нашите врати секојдневно чукаат извршители и не прогонуваат банкарските службеници поради невратени кредити и камати.

Младите не бегаат, тие едноставно заминуваат и не помислуваат да се вратат зошто ништо убаво не им е понудено.

Имаме селективна правда и судство, медиумски мрак, студентски домови без парно, факултети насекаде и префабрикување на студенти па сега и екстерно ќе ги тестираат за да ја поправеле грешката.

Наместо ние да бидеме коректор на власта, власта е коректор на граѓаните. Се е изместено, сите тези се извртени, и доста молчевме, рече Лилјана Сачевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите