(ВИДЕО) Русија да ја прекине агресијата над Украина, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ-пораки на Ковачевски во Њујорк

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во обраќањето Ковачевски зборуваше за украинската криза посочувајќи дека Македонија од почетокот застана на позициите на Европската унија и на демократскиот свет. Посочи дека околу инвазијата на Русија над Украина треба да се обрне внимане на два аспекта.

– Едниот е фактот дека агресијата доаѓа од постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, како што е Руската Федерација. Тоа што низ насилство одлучува да решава предизвик – држава членка на организација којашто во својата основа го има одржувањето на мирот во светот, е спротивно на сите заложби на цивилизираниот свет, да се застане на патот на сите форми на дејствување чиишто последици се човечки животи и загрозување на светскиот мир. Исто така, покажувањето сила на една географски поголема држава, врз една географски помала држава – определена да споделува демократски вредности, е опасен и недозволив преседан. Во заедничкиот свет, составен од географски поголеми и помали држави, ова едноставно мора да се спречи да стане пракса.

Македонскиот премиер повика Руската Федерација веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече своите трупи од Украина. Потсети дека Македонија ги отвори вратите за украинските гражани и повика на глобален догвор за решавање на оваа, но и на сите кризи како пандемијата, глобалното затоплување, тероризмот.

„Сега се соочуваме и со милиони бегалци од Украина во светот. Северна Македонија ги отвори вратите за граѓаните од Украина, кои приморани да ја напуштат родната земја побараа засолниште во нашата држава. Оваа прилика е момент да се оддаде должно признание на државите во светот коишто примија најголем број бегалци, како и на големиот број граѓани ширум светот кои се секојдневно се ангажирани во згрижувањето на бегалците и воопшто во помагањето на оние кои имаат потреба од тоа“, изјави првиот човек на македонската влада.

Од ОН најави дека Северна Македонија од први јануари 2023 година го презема претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), најголемата регионална безбедносна организација.

„Како претседавач со ОБСЕ во 2023 година, ќе бидеме целосно посветени на благородната мисија во служба на мирот и безбедноста, како предуслов и за економско-социјалиот развој и верувам дека ќе придонеме и во унапредувањето на мултилатералните безбедносни механизми“, изјави Ковачевски.

Ковачевски изјави дека како мултиетничка функционална демократија, денес, Северна Македонија е успешен пример на Европа во мало, на Балканот.

„Заедно со два наши соседа, Албанија и Србија, ја основавме иницијативата „Отворен Балкан“, што е денес успешен пример на регионално поврзување. Тоа придонесе во заедничките заложби за укинување на непотребните бариери во движењето на луѓето, трговијата, пренесувањето стоки и давањето услуги“, изјави премиерот.

Северна Македонија денес е достоинствена членка на Алијансата. И по 17 години од добиениот кандидатски статус, ги почнавме преговорите со Европската унија, изјави Ковачевски.

„Од исклучителна важност за мојата земја е забрзаната интеграција во ЕУ и ние сериозно работиме на сите потребни чекори кон реализацијата и на оваа втора, државна, стратешка цел“, најави тој.

„Членството на Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата Европска унија, посебно во новите околности на глобален план, кога овој знак на охрабрување – дека процесот на проширување е актуелен го очекува целиот регион, којшто колку и да има прогресивни раководства не е имун на глобалните предизвици, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Ковачевски: СДСМ со граѓанското општество направи многу исчекори, заеднички ќе ја исполниме и целта за членство во ЕУ

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечната плата од 1300 евра и 800 евра минимална плата

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат

Катерина Ѓуровски