(ВИДЕО) Рушиди: Албанците не ги дискриминираат Македонците

Од:

Пратеникот Сурија Рушиди го повика Трајко Вељаноски да го почитува Членот 90 од Деловникот, односно да ги опоменува и исклучува прениците кои не се држат до точката на дневен ред.

– Се говори за општина Тетово и Струга, за да се создаде мислење дека Македонците се дискриминирани во општините каде што владеат Албанци. Според пописот во 2002. година во Струга има 57% Албанци, 32% Македонци и 11% од другите заедници. Струга има вработено 35% Македонци, 54% Албанци и 11% од другите заедници, односно 3% повеќе отколку што треба Македонци, 3% помалку од колку што е предвидено со Охридскиот договор Албанци, рече Рушиди.

Тој обвини дека централната власт во Струга вработува само Македонци, а бројот на вработени Албанци е симболичен.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска