(ВИДЕО) Рунтева: Пензионерите во Штип со години го чекаат Домот за стари лица

Од:

Пензионерите во Штип и Карбинци со години чекаат а Домот за стари лица во Штип сеуште не е изграден. Незаконското работење на општина Штип сериозно се заканува да ги остави без покрив над главата стотината пензионери на коишто овој дом им е неопходен во моментов, рече Ленче Рунтева, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Во 2013 година општината го додели поранешниот ресторант на АРМ, „4-ти Јули“ на Здружението на пензионери на Штип и Карбинци. Објектот требаше целосно да биде преадаптиран и пренаменет во Дом за стари лица. За тоа да може да се реализира се очекуваше општината да започне со постапка за промена на Деталниот урбанистички план.
Но наместо тоа, без соодветен елаборат и без одобрение за градба, кое требаше да содржи одлука за промена на Деталниот урбанистички план, на местото на некогашниот ресторант на АРМ започна изградба на нов, габаритен објект. Без потребите документи овој обејкт е дивоградба.

Градоначалникот Илчо Захариев, сега се обидува да го покрие своето незаконско работење. Захариев, преку мнозинството на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Штип, сака да протурка одлуката за Измени и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Штип за 2015 година.

Ова е класична злоупотреба на службената должност.

Но, останува проблемот со изградениот објект кој изникна а воопшто не е опфатен со Деталниот урбанистички план.

Градоначалникот Захариев да објасни кој ќе понесе одговорност за незаконското постапување и како сега ќе се реши проблемот со објектот којшто требаше да биде Дом за стари лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

СДСМ: Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија