(ВИДЕО) Родители: Изјавите што не’ тераат да ги потпишеме се основа за прекршочни пријави

Од:

Додека трае бојкотот на наставата во средните училишта, родителите стравуваат дека изјавите за согласност – нивните деца да учествуваат во бојкотот на наставата ќе се употебат како доказ за поднесување на прекршочни пријави.

Одлука за потпишување изјави на родителите донело Министерството за образование и наука, а класните професори, овие изјави од родителите ги побарале уште завчера на вонредните родителски состаноци.

Прво доаѓаа просветни инспектори кои рекоа дека децата немаат оправдание за отсуството од часови, ќе им бидат заведени неоправдани отсуства. Сега, на родителите им бараат писмена изјава со оправдание за отсуствата.

Ова е голема манипулација, вината од децата што не се полнолетни се префрла на нас родителите за да не ги пуштаме да си ги бараат правата. Мислам дека со овие изјави Држаниот просветен инспекторат може да поднесе прекршочни пријави и понатаму да плаќаме казни, вели за А1 он, татко на средношколка.

Ако професорите не пријават отсуство на ученик, односно ако не го заведат во дневникот им следи казна од околу 300 евра.

Она што изненадува е лошиот однос на некои од професорите кон децата. Кога тие штрајкуваа за своите права, учениците се соладиризираа со нив, вели родителот.

И денеска учениците од средните училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид и други градови ја бојкотираат наставата и часовите ги поминуваат во училишните дворови или во аулите. Тие си организираат алтернативни активности и предавања.
 
А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз