Родители на средношколци се револтирани од изјавата на премиерот Груевски дека ги поддржувале своите деца во бојкотот на наставата зашто биле од спротивната политичка опција
– Едноставно сметаме дека нашите деца се во право, затоа ги поддржуваме. Апсолутно нема вистина во тоа. Кај многу родители нема политички аспект на проблемот, се работи за грижа за нашите деца. Тие се навистина во право. Нашето образование навистина не е во ред и овие реформи набрзина направени не придонесуваат тоа да се поправи. Нека се направат реформи, но среде година, на овој начин – не. Треба проблемо навистина брзо да се реши – тоа е апел од сите нас, родители, рече мајка на средношколец, која од утрово е во кампот на Средношколскиот пленум
Родителите се одлучни да ги поддржат своите деца во протестот против лошите реформи во образованието. Голем дел од нив, заедно со средношколците ќе ја блокираат улицата пред МОН.
– Владата треба сериозно да ги сфати барањата на учениците. Сметам дека владата треба да има слух за барањата на учениците. Децата ќе го продолжат бојкотот, па ќе видиме како ќе биде, вели мајка на средношколец.
Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците. Според податоците на средношколскиот пленум помеѓу меѓу 7000 и 8000 матуранти ја бојкотираат наставата.
А.Б.