(ВИДЕО) Родител: Не сум СДСМ, не сум Сорос, дојдов го поддржам моето дете

Од:

Покрај средношколците, попладнево средношколците во нивната герила акција ги поддржаа и родители и нивни наставници. Тие се револтирани од игнорантскиот однос на владата кон судбината на децата кои не се согласуваат на лоѓите реформи во образованието.

– Не сум како СДСМ, не сум како Сорос дојдена овде сум овде прво како родител, второ како граѓанин. Ние ако не им дадеме на нашите деца, сакаме да и дадеме до знаење на оваа диктаторкска влада дека децата не се сами, имаат родители, има кој да застане зад нив. Ние сме реворлирани што ги навредуваат нашите малолетни деца, вели мајка на средношколец.

И наставниците што ги поддржуваат учениците и матурантите сметаат дека нивното место е во училниците а не на улиците

– Ги повикуваме господата од МОН да имаат слух да видат што се случува. Срамота е нека видат од прозорите да видат што се случува. Понудени им се решенија, не сакаат да ги прифата. Не знам како ќе заврши ова, вели претставничка на Наставнички пленум.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците