(ВИДЕО) Ристова: Во услови на криза СДСМ презема мерки за да се зачува стандардот на граѓаните и економијата

Од:

„Владата предводена од СДСМ внимателно ги следи глобалните економски текови и последиците од агресијата врз Украина. Се преземаат сите мерки за да се зачува и унапреди стандардот на граѓаните, да се сочува економијата во услови на криза. Апелираме до граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи“, рече Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

„Откако цените беа замрзнати, Владата донесе одлука за ограничување на маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо.

Истовремено, државата има задоволителна количина на потребните прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви.

Се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви.

Помагаме и во надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните од енергетската криза.

Го намаливме ДДВ-то за струјата од 18 на 5%, ја субвенционираме струјата и спречивме големо поскапување.

Околу 7.500 домаќинства добиваат месечни субвенции од 600 до 800 денари за сметки за електрична енергија.

Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи.

Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.

Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и ја помагаат домашната економија“, изјави Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он