(ВИДЕО) Ристова: Кога ќе си одите? Прашање од милион долари за Груевски

Од:

„Почитувани граѓани, синови и ќерки од мајка храброст, татко непокор, дева на отпорот. Со измените во закони, Владата ја узурпира слободата и автономијата на универзитетите“, им се обрати на граѓаните, универзитетскиот професор Мимоза Ристова.

Законот, рече е добар за да го фрлиме во целост, и да донесеме нов. Законот со кои се засегнати 400.000 граѓани, е донесен во скратена постапка.

Во стилот на квизот „Милионер“, постави прашања до премиерот Груевски.

Прашање за 125.000 долари:

Од кои пари Владата ќе ги плаќа членовите н а новите тела, одборите и советите, ако напишале во Законот дека нема да има финансиски импликации:

A)Од џебот на Груевски

Б)Од џебот на Панче Кралев

B) Од продажба на една уметничка врба од сред Вардар во аукциската куќа Содби во Лондон.

Прашање за 250.000 долари:

Каде ќе го формирате Одборот за соработка и доверба:

A) На секој факултет

Б) Кај Коце Трајановски

В) Кај Панче Кралев

Прашање за милион долари за Груевски, роднините и пријателите:

Кога ќе си одите?

А) Утре

Б) Задутре

В) За 3 дена, или на 4.февруари да распишете вонредни парламентарни избори

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите