(ВИДЕО) Ристова: Ги намаливме цените на над 500 прехранбени производи, СДСМ го штити стандардот на народот

Од:

Со конкретни мерки и политики СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Цените на над 500 прехранбени производи, во 25 категории се веќе намалени. Поевтинуваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот и многу други прехранбени производи. Воведена е „гарантирана цена” со што за стотици најкористени производи цената се намалува за 10% во однос на цената по којашто се продавале на 1 август, изјави на прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

– Кај дел од производите кај кои што е забележано енормно зголемување ќе има намалување на цените од 30% до 40%. Согласно најавите, очекувано е понатаму и намалување на цените на пијалаците. Неколку наши домашни производители доброволно се вклучуваат во поддршка на мерката за „гарантирана цена“ со намалување на цените од минимум 10%. Со оваа мерка обезбедуваме пристап до поповолни цени на прехранбените производи кои им се најпотребни на граѓаните. Ова е конкретна мерка во насока да се заштити стандардот на граѓаните и има широк опфат. Дополнително ќе влијае и на намалување на инфлацијата. СДСМ е на страната на граѓаните и останува посветена во заштита на животниот стандард – рече Ристова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски