(ВИДЕО) Ристова: Цените на производите се зголемени, власта не презема ништо додека се гости со папаја

Од:

СДСМ направи контрола на цените на производите низ маркетите. Заклучокот е поразителен. Не само што нема намалување на цените туку напротив има и покачување кај голем дел од производите. Владините политики со замрзнување на маржите немаат никаков ефект. Нема ниту има робусна ниту жестока контрола како што вчера изјави премиерот Мицкоски. Тоа е една голема лага, изјави Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ.

– Има само жестоко поскапување на производите кое го плаќаат граѓаните. Народот има се помалку пари и едвај врзува крај со крај. Еве каква е реалноста со која се соочуваат граѓаните секој ден по продавниците: Јајцата се повторно покачени на околу 100 денари, дури има до 140 денари за едно пакување. А беа 75 до 85 денари. Јогуртот со 3,2% масленост е 72 денари и нагоре. Млекото е исто така поскапено и се движи од 70 до 80 денари. Сирењето е поскапено и се продава од 440 до 650 денари. Кашкавалот е луксуз веќе за граѓаните и речиси и да нема под 600 денари. Шеќерот е поскапен, килограм се продава за 57 денари. И останатите производи се поскапени, грашокот, гравот леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите.

Ова не е никаква грижа за граѓаните, ова е неспособност, негрижа, ова е одработување за интересот на големите трговци. Тажна е суровата реалност која секојдневно ја живеат граѓаните. Додека народот се мачи со високите цени и недоволните плати како да врзат крај со крај, како да го поминат месецот, што ќе имаат на масата семејствата за јадење, Мицкоски и неговата влада се хранат со луксузни храни на грбот на истиот тој народ. Аспарагус, манго, папаја. Тоа е на менито на Мицкоски и неговите министри. Веќе е објавен оглас за набавка на огромно количество и на морски плодови, месо и риба за потребите на Владата.

Додека народот нема за леб, тие набавуваат октоподи, лигни, школки, ракчиња, микс морски плодови, чаден лосос. Срамно! Но, апсурдноста да е уште пострашна, замислете, Владата одбива предлог за минимална плата од 500 евра, ама затоа потпишува договори за егзотично овошје, зеленчук, морски плодови, скапи авиони.
Ова е најаздисаната влада досега која воопшто не мисли на граѓаните – рече Ристова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок две милијарди евра