(ВИДЕО) Ристевски од КСОМ: Данела се реваншира преку работници кои цел ден работат со фекалии

Од:

Ако градоначалничката Данела Арсовска не одржи средба со Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и не ја отповика одлуката да не им ги продолжи договорите на 100 вработени во „Водово“, КСОМ ќе излезе на протести и ќе ги блокира сите пристапи до канцелариите на Град Скопје.

„Во текот на вчерашниот ден, претседателството на КСОМ застана целосно позади оваа бројка на вработени по најавата дека овие 100 вработени нема да им бидат продолжени договорите во „Водовод“. Ние сме сериозни и апелираме до градоначалничката Данела Арсовска под итно да оствариме средба, доколку не оствариме, ние донесовме одлука да ја блокирам улицата Илинденска и влезовите на Град Скопје со возила од цела Конфедерација. Мора да престане оваа пракса градоначалниците да го вперуваат прстот кон работниците. Замислете каква е атмосферата во нивните семејства. Тие работат шест месеци, имаае некои од нив и подигнати кредити. Како родителот ќе се врати дома и детето ќе го праша: Зошто тато не работиш? Па сине, градоначалничката се скарала со некого, станала сабајлето нервозна и нема на кого, ќе го истура гневот над работниците“, рече лидерот на КСОМ, Марјан Ристевски.

Тој најави дека КСОМ ќе ги радикализира постапките за да не дозволат институциите да си играат мајтап со работниците.

– Ние како синдикат мора да настапиме жестоко. Очигледно со соопштенија, прес-конференции и празни столчиња никој не не есапи. Да надвладее разумот и да не повикаат на разговор. Си играат мајтап со работниците. Апелирам до градоначалничката, бидејќи знае да упаѓа на пресови, да дојде и да се разбереме. Ова реваншизам тотален е според мене – рече тој.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“