(ВИДЕО) Ристевска: И Рамковниот договор стана жртва на политичкиот клиентелизам и партократија

Од:

Рамковниот договор, како и се во нашата држава, им подлегна на симптомите на партократијата и на политичкиот клиентелизам, така што се е сконцентрирано на елитите, а многу малку се води грижа за вистинските проблеми на граѓаните, е ставот на Малинка Ристевска, директор на Институтот за европска политика, на денешната конференција на Секретеријатот за спороведување на Рамковниот договор, по повод 14 годишнината од неговото потпишување.

– Навистина е време да се погледне кои беа целите, што сакавме да оствариме и со еден поинаков погле и пооладени глави и покрај се што ги вознемири духовите оваа година, да кажеме каде сега навистина треба да се оди. А според мене тоа е многу повеќе кон вистинските интереси на граѓаните, кон еден баланс помеѓу индивидуалните и колективните , права и кон вистинско продлабочување на меѓуетничките односи во Република Македонија. За жал, партиските интереси, во голема мера влијаеа и на остварувањето на рамковниот договор, така што понекогаш ги губиме од вид неговите цели, вели Ристевска.

Според неа, во време на политичка криза во државата повторно во фокусот доаѓаат меѓуетничките односи и ќе се постави прашањето како понатаму.

– Едно од прашањата е стратегијата за интегрирано образование, потоа како понатаму ќе се остварува принципот на правична и соодветна застапеност, а се поставуваат и нови прашања, како што е прашањето на буџетот и сепак одговорите да се бараат врз основа на реални проценки, врз основа на истражувања, врз основа на конкретни факти, вели Ристевска.

А.Б.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска