(ВИДЕО) Рилковски: Нема дилема дека Митровски го повредил законот; Стефановска: Ова ливче не е доказ?

Од:

Се прашувам дали ќе се дрзнат да направат ново вакво дејание на престојниот референдум, рече претседателот на ДИК, Никола Рилковски, на денешната седница каде беше одбиен предлогот да се расправа за статусот на претседателот на ОИК-Центар, Кочо Митровски.

Имајќи ги предвид видео снимките каде наводно се слуша гласот на Митровски, според претседателот на ДИК нема дилема дека тој го повредил во неколку наврати избирачкото право. Но во пресрет на референдумот за ГТЦ прашање е, рече тој, дали граѓаните ќе ја имаат довербата во ОИК доколку Митровски остане претседател.

– Нема дилема дека има сторено повреда и прашањето е дали има морален кредибилитет и легитимитет да го води референдумот во Општина Центар. Референдумот исцело, со одредени надгледувања на ДИК, ќе го реализира и спроведе ОИК-Центар каде актуелен претседател е Кочо Митровски. За овој Кочо Митровски дојде материјал од опозицијата во чија содржина може да се види, а јас сум и убеден дека е така и дека тоа лице дека така постапило, дека од доверливиот изборен материјал, од тие црни вреќи, успеал неовластено да одземе четири изводи од изборачкиот список од четири различни избирачки места и да ги предаде на неговиот министер, Миле Јанакиевски – рече претседателот.

Според него јасно е зошто се одземени овие списоци и зошто му се наводно дадени на Јанакиевски.

– Да се врши неовластено непосреден увид на содржината на изводите на избирачиот список со цел да се види кои се тие што не гласале, за да се изврши притисок и за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ – посочи тој.

Рилковски ги посочи одредбите од Избирачкиот законик кој претседателот на ОИК-Центар наводно ги прекршил.

член 19 – претседателот на ОИК функцијата ја врши совесно непристрасно и одговорно.

член 55 точка 1 – податоците содржани во избирачкиот спиок не смеел да ги употреби за ниедна друга цел освен за остварување на избирачкото право
член 56 – податоците од избирачкиот список (со кои бил запознат лично) бил должен да ги чува и заштитува.

На Рилковски му реплицираше Анета Стефановска, член на ДИК предложена од ВМРО-ДПМНЕ, која се изјасни дека точката не треба да биде ставена на дневен ред, и дека според неа расправата за статусот на Митровски е чиста политика.

– Од кај ви се вашите сознанија за ова што го изложивте. Немаме доказ, ова е за мене едно ливче кое не е ни заверено, ни со печат, ни со потпис, не е доказ. Ако ја ставиме точката на дневен ред ја сведувам ДИК на жолт печат. ДИК не смее да се впушти во патувачки циркус на една политичка партија. Самиот предлог е театарска претстава на која главната порака и е да се дискредитира еден највисок орган во државата кој ги спроведува изборите. Тоа е теорија на една политичка партија – рече Стефановска.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Горан Наумовски

ДИК не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања