(ВИДЕО) Револтот на работниците се излеа на улица – најмасовен протест до сега

Од:

Револтот на работниците се излеа на улица на денешниот протест по повод 1 мај, Денот на трудот. Испровоцирани од законските решенија кои ги обесправуваат, стотици граѓани демонстрираа на најмасовниот до сега протест организиран во одбрана на работничките права.

Работниците маршираа под мотото „Не бидете опуштени, за да не бидете отпуштени.“

Тие покажаа дека се гневни поради законите кои се носат без нивно учество и кои им наштетуваат. Дека Владата нема слух за нивните барања покажаа транспарентите на кои пишуваше: „Државниот апарат е во нивни раце! Ние само се сликаме“, Груевски: „Земам од сиромаси давам на богати“, „Сите политичари излегуваат од народот, но никако да се вратат.“
Граѓаните покажаа дека се незадоволни од владините функционери и побараа оставка од нив. Го повикаа и претседателот на ССМ, Живко Митровски, да си замине од својата функција, а преку транспарент ја покажаа неговата потчинетост на власта: „Додека работникот се гуши, Живко на Грујо му го пуши.“

Протестот тргна од споменикот на предвоените синдикат кај Југодрво и продолжи кон Собрание каде синдикалците побараа од пратениците да застанат на нивна страна и да им ги одземат мандатите на министрите и на премиерот.

– Овие пратеници ги изгласаа законите против кои протестираме. Наместо да не бранат нас, станаа нивно најголемо оружје. Инволвирани се во узупрацијата на власта и дознавме дека не биле избрани на фер и демократски избори туку преку изборни измами. Собранието е заробена институција на власта. Гласаат за штетни закони наместо да им дадат отказ на корумпираните министри и да изгласаат недоверба. Нема да дозволиме да бидат амнестирани пратениците ко не одговараат на овие барања и кои уште еднаш покажаа дека се дел од најотворената узупрација на власта – рече Сашко Тодоровски од Синдикат на македонска дипломатска служба.

Пред Собранието беше побарано разрешување на Трајко Вељановски како прв чекор кон независна истрага за вмешаноста на првите луѓе од власта во коруптивните афери. Од пратениците беше побарано да изгласаат недоверба на актуелната влада како почетен предуслов за истрага која ќе помогне во разрешување на актуелната состојба. Синдикалците побараа во меѓувреме да се стават во мирување сите спорни закони кои беа донесени изминативе години, како: Законот за државни службеници, законите за образование, за енергетика и за хонорарските давачки.

По Собрание демонстрантите маршираа кон Министерството за труд и социјална политика, а потоа кон „Илинденска“ каде ја поздравија Владата со паролите: „Народот го крадете“, „Нема правда, нема мир“, „Оставка, оставка“, „Ружна ви е Владата“.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски