ВИДЕО: Ресен – најатрактивна општина за доселени од странство

Од:

„Достапни информации-активни граѓани“, ова е мотото за почетокот на проектот и отпочнување со работа на порталот „Право да знаеш“, на Граѓанската Асоцијација МОСТ.

Промените во Република Македонија, демографските, изборните, социо економските и специфичните податоци за локалната самоуправа од денес се на едно место. Со клик на страната www.pravodaznaes.mk, можете многу едноставно да ги добиете саканите информации.

Доколку ја отворите страната можете да видите дека Охрид е општина од каде најмногу се иселува населението.

Ресен пак, изгледа е најпосакуваната дестинација. Во 2011 година доселени се 172 лица, од кои 102 од странство.

Споредливи и за жителите но и за политичките субјекти ќе бидат новите податоци за ресен, каде што има навалица за добивање лични карти за да можат и лица од соседните држави да гласаат на наредните парламентарни избори. Тие лица се вдомени без ниту денар надоместок на неколку адреси во Ресен.

На денешната конференција за користењето на достапни податоци за вклучување на граѓаните и подобрување на јавните услуги, говореше Ендрју Скот, поранешен директор на Транспарентност Велика Британија и креатор на data.gov.uk.

Што е „Право да знаеш“, ова беше темата на излагањето на извршниот директор на Граѓанската Асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.

Нема да ги коментираме податоците, ниту да го креираме јавното мислење, рече Алексов, а за податоците ќе одговараат институциите.

Медиумите се претворија во портали на Владата, немаат време за истражувачко новинарство, рече Драган Антоновски. Затоа овој проект на МОСТ ќе биде значајно олеснување и враќање на новинарството на вистинските вредности.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна