ВИДЕО: Републичките стручни тимови помагаат при извлекување на настраданите граѓани во Драч

Од:

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.

Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.

На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.

Досега тимовите лоцираа и извадија од урнатните две починати лица на две локации во срушените згради.

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани