(ВИДЕО) Репортажа на Си-Ен-Ен за „фабриките“ на лажни вести во Велес: Се заработуваат и до 2.500 долари на ден

Од:

Си-Ен-Ен направи анализа за „фабриките“ за лажни вести во Велес и според нив креаторите на овие сајтови веќе се подготвуваат за следните претседателски избори во САД во 2020 година.

Во прилогот на Си-Ен-Ен тие разговараа со 24. годишен велешанец, Михаил, кој преку лажни профили на Фејсбук се обидувал да изгради Фејсбук страници и веб сајтови со голема фан база споделувајќи вести и слики за Трамп.

Тој кажува дека не му е грижа што вестите се лажни бидејќи луѓето тоа го читаат.

– На 22 години заработував повеќе од некој во Македонија што заработуваат за цел живот, вели тој.

Според Михаил во предизборниот период во САД неговите приходи достигнувале и до 2.500 долари на ден. Профитот доаѓа примарно од реклами на нивните сајтови, па со секоја посета и секој клик на страниците таа бројка се зголемува.

Тој кажа дека со парите кои што ги заработил купил куќа и им помагал на неговите брат и сестра во школувањето.

Михаил имал 15 вработени, вклучувајќи и двајца автори од САД кои пишувале текстови и комуницирале со фановите, а последната негова веб страница имала околу 1,5 милиони следачи на Фејсбук, претежно од САД.

– Мојата цел е да подготвам сајт како што имав предходно, да биде спремен за следните избори во Америка, вели тој.

Меѓутоа Михаил не е единствениот велешанец кој што се занимавал со овој „бизнис“ бидејќи се повеќе млади луѓе од Велес почнале со креирање на веб страници за лажни вести, бидејќи носи вистински профит.

Од Си-Ен-Ен кажуваат дека новата влада во Македонија најавила борба со лажните вести и покрај поддршката од градоначалникот на Велес, Чадиев за овие млади луѓе.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите