„Почитувани родители коишто се собрани во Жена парк да кампуваат за правата на своите деца, пратеничката група на СДСМ и коалицијата што го претставува парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија, денеска излегува со конкретни предлози и конкретни мерки коишто се приоритет за работа во програмата на идната Влада на Република Македонија, затоа што сите иницијативи на родителите, сите согледани проблеми, сиве овие години наназад, се ставени и се дел од програмата, којашто беше и изборна програма на СДСМ, меѓутоа се и во првите приоритети за работа на идната Влада.
Овие родители не смеат да кампуваат за да ги добијат правата на своите деца и да го свртат вниманието на државните институции и на сите чинители во Република Македонија, коишто треба да ги ислушаат нивните потреби и нивните барања.
Не смееме и нема да дозволиме парцијално решавање на проблемот на лицата со посебни потреби, децата со Даунов синдром, децата со аутизам, и секаков вид друга попреченост. Затоа што сите години наназад парцијално се пристапуваше кон сегментарно решавање на проблемот, но главниот проблем суштински не беше решен.
А тоа е – не се пристапи кон измени на Законот за социјална заштита и кон Законот за работните односи, Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Затоа приоритетот на идната влада е севкупен системски пристап во решавање на проблемот на лицата со посебни потреби, вклучувајќи ги тука и мерките од делот на здравството, мерките во делот на интегрирано образование, промена на системот на социјална заштита, поттикнувањето на приватниот капитал, невладините организации и специјализираните институции со помош од државата да направат продор во давањето на социјални услуги и да бидат партнер на овие наши сограѓани.
Затоа предвидуваме следно – во првите шест месеци од формирањето на Владата ги предвидуваме следните клучни мерки коишто се од севкупен интерес и за лицата со посебни потреби и за родителите на дечиња со Даунов синдром и аутизам и на родителите коишто се грижат за нив. Тоа е за 50% зголеумавње на надоместок за заштита на правата на лицата со попреченост.
Промената на законот и бришење на старосната граница од 26 години за правата на родителите за скратено работно време меѓутоа и за севкупните права на децата коишто ќе наполнат 26 години да го ставиме законот во целокупна функција на овие деца.
Формирање на посебни центри за аутизам, за Даунов синдром и целосно реафиримирање на постоечките дневни центри за лица со посебни потреби со техничко и кадровско екипирање за да можат не само да ги згрижуваат децата за да им помине времето во денот додека родителите се на работа туку да можат да работат на подигање на нивните способности и вештини. За таа цел предвидуваме имплементација на меѓународно признаетата и стандардизирана категоризација на функционалност којашто ги рангира лицата и децата со посебни потреби не според тоа што не можат туку според тоа што можат за да може да се грижиме за развивање на нивните способности и вештини.
Тука не е само сегментот на социјалната заштита. Не можеме да дозволиме и нема да дозволиме образовните институции, претшколските установи, основните и средните училишта да бидат затворени како до сега за децата со посебни потреби. Интегрираниот пристап, вклучувањето и едукацијата од мали нозе за прифаќање вистинско, не само декларативно прифаќање на различностите е нешто што ни треба. Да не се случува стигматизација, да не се случува она што денеска цело време го зборуваме.
Раната дијагностика на аутизмот е нешто што е пред `се реформа во делот на здравството и отварањето на Центарот за аутизам којшто ќе им овозможи на родителите да пристапат кон дијагностицирање и кон третман на дечињата за да ги развијат нивните вештини.
За сите овие мерки кои предвидуваат и поголема одговорност на локалната самоуправа, бидејќи ќе децентрализираме голем дел од услугите, ќе ги вклучиме невладините организации, стручните организации за да можат да се јават како партнери на државните институции.
Ќе направиме релоцирање на капиталните инвестиции во изградба на мали заеднички домови за децата и за лицата кои досега се сместуваа во заводи и псисхијатриски установи кои не беа соодветни ниту за нивната попреченост и дополнително ја влошуваа нивната состојба. За сето ова да функционира примарен предуслов е деблокирање на конституирањето на Собранието за да може Собранието во полн капацитет да пристапи во законските измени кои се услов за спроведување на сите овие мерки. Она што го нагласив во дијалогот со дел од родителите е фактот дека сите овие десет години парцијалното решение на проблемеите не вроди со плод. Многу капитални инсвестиции не беа добро насочени и во таа насока јас верувам дека досегашната Влада ги има согледано своите пропусти во овој дел и верувам дека како парламентарно мнозинство и како идна Влада на Република Македонија ќе успееме да го добиеме партискиот и политичкиот консензус од сите политички партии за решавање на проблемите и на родителите и на децата со попреченост и на лицата со аутизам и Даунов синдром.
Зошто? Затоа што најискрено веруваме дека заврши времето на партиски и политички популизам со оваа најранлива категорија на граѓани и дека е потребно поголемо фокусирање a не само декларативна заложба, туку и афирмативна акција во решавање на проблемите“, изјави Фросина Ременски, пратеничка.