Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика поднесе тужба пред Управниот Суд во делот на неговото право од законот за Влада, во спорење на административни процедури по однос на разрешувањето на директорите на јавните установи, меѓуопштинските центри и центрите за социјални работи, рече Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ.
Но, тоа го направи испуштајќи еден многу битен чекор пред да поднесе тужба до Управниот Суд. Тоа е да го консултира ДИК во однос на прашањето дали кадровските промени коишто ги направи овој министер се прашања од организација на избори или пак негово неисполнување на законската обврска со избраните директори на коишто им го извршил изборот да склучи менаџерски договор како законска обврска.
Затоа има кривична пријава од министерот за него. Станува збор за несовесно работење и пропуштање на една сериозна законска обврска којашто помеѓу избраниот директор и министерот за труд и социјална политика ќе ги уреди прашањата на правата, обврските и одговорностите во вршење на раководната функција – директор.
Тоа досега 2 години не е направено, значи има избор на директори во 2014, избор на директори во 2015, во моментот кога дополителниот заменик министер тогаш во позиција на министер ги избирал, ја пропуштил таа законска обврска со што оставил простор на незаконско постапување и работење на директорите.