ВИДЕО: Ректорот во Москва, студентите бараат оставка зашто не ги спречи барокните факултети

Од:

„УКИМ не го даваме“, “Битни сме, моќни сме“, од утрово, влезот на Ректоратот на УКИМ е покриен со овие транспаренти.

Студентски пленум револтирани од уште еден упад во автономијата на Универзитетот и агресивниот план за изградба на два објекта во барок стил, го блокираат влезот на Ректоратот на УКИМ.

Тие бараат Ректорот преку своите органи да стори се што е во негова моќ да ја спречи веќе отпочнатата изградба на два нови објекта, а поради немањето капацитет да го спречи упадот во автономијата на Универзитетот.

Тие бараат, деканите од Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Архитектонскиот факултет да излезат со став за ситуацијата.

Студентите бараат и свикување на вонредна јавна седница на Сенатот при УКИМ, на која ќе присуствува и предвидениот број студенти, според Законот за високо образование и Статутот на УКИМ.

„Бидејќи Студентскиот парламент не е легитимно и легално тело во моментов, ние бараме тие места да бидат пополнети со делегати од Студентискиот пленум и Мугра“, бараат студентите од Студентски пленум и од Мугра.

Потоа претставници на Студентски пленум се сретнаа со продеканот Владимир Петрушевски, кој им соопштил дека единствен кој има ингеренции да го спречи градењето на барокните факултети е ректорот Велими Стојковски, кон во моментот бил на патување во Москва.

– Единствено ректорот е одговорен за исполнување на дел од нашите барања и се додека и се додека ректорот не прати допис, бидејќи е надвор од земјата и не го спречи моменталното градење на објекти на територијата на УКИМ – ќе продолжи спречувањето на работата на Ректоратот, рече Данаилов од Студентски пленум.

Студентите ќе ја блокираат работата на Ректоратот на УКИМ, денеска, до крајот на работното време, а најавуваат дека ќе протестираат и во наредните денови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on