Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека се регистрирани 364 нови случаи на Ковид-19 во нашата земја.
Филипче, на денешната прес конференција соопшти дека заедно со Комисијата за заразни болести ќе предложат нови мерки за превенција од ширење на вирусот.
„Бројот на новозаболени продолжува да расте секаде во светот. Речиси сите земји воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот“, рече Филипче.