ВИДЕО: Реконструкција на улицата „Даскал Камче“ во Карпош 1

Од:

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Даскал Камче“, во Карпош 1. Станува збор за асфалтирање на коловозот во должина од 100 метри, а вкупната инвестиција е во вредност од 539.609 денари (со вклучен ДДВ), додека изведувач е фирмата „Битем“ ДООЕЛ – Скопје.

По повод стартот на овие градежни работи, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев даде изјава за медиуми во која посочи дека Општина Карпош продолжува со подобрување на инфраструктурата.

– До крајот на годината целосно ќе биде реконструирана „Даскал Камче”, а ќе започнеме и со санирање на улицата „Бранислав Нушиќ”, во населбата Карпош 2. Примарната цел на локалната самоуправа е да имаме побeзбедни улици за движење на сите учесници во сообраќајот, рече Богоев.

Во изминатиов период се реконструираа повеќе улици во Општина Карпош. Во сорабока со ЈП Улици и патишта се асфалтираше улицата „Јуриј Гагарин” 6 во Козле, а се направи и пристапниот пат за комплексот згради Порта Козле.
Исто така, инфраструктурно се поврза и ул. „Прашка” со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” (сокак 4), во Тафталиџе. Во претстојниот период, во овој дел на Карпош 1, ќе биде реконструирана и улицата Гиго Михајловски.

Многу наскоро, Општината ќе иницира и воведување на „ЗОНА 30“ низ повеќе сервисни улици во Карпош. Тоа практично значи ограничување на брзината при возењето автомобили и моторцикли до 30 километри на час, со што ќе се зголеми и безбедноста за движење на пешаците, особено покрај основните училишта и градинки.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец