ВИДЕО: Река од народ на Маршот за Слобода низ Гевгелија

Од:

На 40-тиот ден од убиството на демократијата со исфрлањето на пратениците и новинарите од Парламентот на Република Македонија, (на 24 декември минатата година) и вечерва, наместо парастос на упокоената демократија во Република Македонија, здружената опозиција со голем протестен марш што го организираше низ улиците на Гевгелија, протерстираше заедно со граѓаните со слоганот „Отпор против режимот“.

gevgelija-protest

Река од народ со извици „Отпор“, „Одиме до крај“, „Слобода“, составена од граѓани од Општина Гевгелија, продефилираа на чело со лидерот од опозицијата Бранко Црвенковски низ улиците „Слободан М. Данко“, „Маршал Тито“, Плоштадот „Гевгелија“, па се до седиштето на Локалната Самоуправа.

gevgelija-protest2

На фронталната линија на чело од отпорот, заедно со Бранко Црвенковски, беа членовите на Советот на Општина Гевгелија од редовите на СДСМ, како и претставниците од Либерално Демократската партија и ВМРО-НП.

gevgelija-protest3

Пред храбрите гевгеличани кои не му подлегнаа на стравот, притисоците и не се покорија на диктатурата која зазема се поголем замав во сите пори од социјалниот, општествениот и економскиот живот, се обратија Петко Стоилов – Претседател на ЛК СДММ Гевгелија, членовите на советот на Општина Гевгелија од СДСМ и ЛДП Сашо Олумчев и Апостолов, актуелниот пратеник на СДСМ од Гевгелија и кандидат за градоначалник – Саве Марачков и предводникот на здружената опозиција – Бранко Црвенковски.

gevgelija-protest4

„Ако си толку убеден дека народот те сака, ако толку им веруваш на товите нарачани анкети дека си најомилениот политичар, ајде на избори парламенттарни и локални заедно, порача Црвенковски до Груевски. Но тој молчи, знае дека народот чека можност да го казни, за уништената иднина, за осиромашениот живот, за секојдневните задолжувања.

gevgelija-protest5

 

– А, од народната казна никогаш не можеш да избегаш“, беше пораката со која Црвенковски го заврши своето обраќање пред бројната публика во Гевгелија, на импровизираната бина пред седиштето на Општинската административна зграда.

 

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата