(ВИДЕО) Реџепи: Бегалците не се терористи, тие се жртви на терористите

Од:

Бегалците кои поминуваат низ Македонија се обични граѓани на Сирија, Авганистан и други земји. Терористичките организации не праќаат свои луѓе во Европа, туку регрутираат свои луѓе од Европа да се борат на фронтовите во Сирија и Ирак.

Бегалците се жртви на овие терористи и на овој тероризам. Ние треба да застанеме на нивна страна и да спречиме да станат жртви на терористите, рече Јасмин Реџепи на денешниот Марш на толеранцијата-Бегалци без граници.

Тероризмот нема нација, тоа е злобна идеологија која треба да се спречи во стартот. Европа и европските земји, вклучувајќи ја и Македонија треба да погледнат во своите граѓани дали има и какви се ризиците за да имаат такви луѓе кои можат да направат такви злодела.

Не може еден граѓанин кој изнемоштен, пешачи со километри , кој едвај има пари да го блати билетот, да размислува како во Париз да направи таков напад. Тоа се луѓе кои се таму инсталирани, кои го познаваат теренот, рече Јасмин Реџепи.

Би можело да ве интересира

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Осум куршуми завршија во 12 годишно девојче – терористот уби случаен минувач, четворица се ранети

А1он

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица

Тело на новороденче пронајдено во вреќа во парк во Париз

А1он