ВИДЕО: Рецензиони комисии ќе одлучуваат дали и понатаму ќе се употребуваат учебниците од Кембриџ

Од:

Моментално се изработуваат наставни планови, а истовремено и подготвуваме измена на Законот за учебници. Согласно измената која ја предвидуваме, ќе има можност да се отвори конкурс за пишување учебник согласно наставната програма која постои. Целта е да не лимитираме на тоа од каде потекнуваат учебниците. На конкурсот ќе можат да се јават издавачи со адаптирани учебници од Кембриџ кои се соодвестуваат на програмата или пак издавачи со учебници од домашни автори, информираше Министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Квалитетот на учебниците ќе го оценуваат рецензиони комисии кои што се формираат од Националната комисија за учебници. Комисиите ќе бидат составени од стручни лица кои треба да кажат кој учебник е со најдобар квалитет односно кој ќе биде усвоен и пуштен во училиштата.

-Не го затвораме кругот дека мора учебниците да бидат единствено од Кембриџ, ќе има можност стручни комисии да кажат кој е најдоброто решение, оној учебник кој ќе биде оценет како најдобар ќе биде прифатен, вели Дескоска.

Со измените на Законот за основно и средно образование, Министерството за образование и наука работи и на намалување на бројот на ученици во паралелките. Целта на оваа измена е, како што велат од министерството, зголемување на ефективноста од наставните програми.

-Идејата е да ставиме распон на бројот на ученици во една паралелка. Согласно условите кои постојат во конкретни училишта бројот на ученици во една паралелка ќе варира. Наша проценка е дека би било идеално доколку успееме да стигнеме до 15 деца максимум во одделение, рече Дескоска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови