(ВИДЕО) Разрешената директорка на 11 Октомври заминала на боледување со се службени телефони и клучеви

Од:

Проблемите во основното училиште 11 Октомври продолжуваат. Директорката Даниела Костадинова веднаш по разрешувањето од страна на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заминала на боледување а со себе ги понела службените телефони и клучевите од просториите.

ВД директорот Васко Лазаревски и преку електронска пошта и преку брза телеграма се обидел да воспостави контакт со Костадинова. Од неа една недела нема одговор. Таа не одговара ни на службениот мобилен телефон. Случајот е пријавен во МВР.

Но, нормалното функционирање на училиштето, како што за А1он вели ВД директорот, го блокира Училишниот одбор кој брои 9 члена – 3-ца од редот на родителите, 3-ца од наставниците, 2 претставника од локалната самоуправа и еден претставник од Министерството за образование. Тие со 5 гласа доставуваат допис до Централниот регистар со барање да не го прифаќа потписот на ВД директорот.

“Со ова се оневозможува работата на кујната, набавката на санитарни материјали, наставни помагала, неможе да се реализира тендерската постапка за екскурзиите и бидејќи неможе да извршиме плаќања може да ни ја исклучат и струјата. Апелирам да не се блокира работата на училиштето бидејќи 350 деца кои се во целодневна настава не можат да добијат храна. Ги повикувам сите родители на 650 ученици во училиштето да дојдат на состанок во понеделник за да се среди состојбата. Родителите треба да кажат дали навистина членовите на училишниот одбор ги претставуваат и ги бранат интересите на децата”, вели за А1он, Васко Лазаревски.

Претставникот од Министерството за одбрана е адвокат и е претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Центар. За него и за целиот Училишниот одбор, општината поднесе кривична пријава за незаконски избор на директор, бидејќи од 9 члена, имало 10 гласа при изборот.

Костадинова беше разрешена поради труењето на децата, но и низа пропусти во работењето констатирани на седницата на Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски