ВИДЕО: Разлутен бик влезе на автобуска станица во Куманово

Од:

Разлутен бик денеска ги вознемири граѓаните кои што се наоѓаа во близина на автобуската станица во Куманово.

Од видео снимката се гледа дека бикот предизвикa вистински хаос, започна да трча и скока по луѓето, кои бегаа насекаде.

Како што велат очевидците бикот дотрчал од улицата во која што се наоѓа Градскиот парк и влегол во делот каде што се наоѓаат пероните на автобуската станица.

Инаку нема повредени во оваа случка, која што траеше околу 15 минути и која веќе станува секојдневие.

Ова е втор пат разлутен бик што ги вознемири кумановци, со оглед дека пред еден месец бик влезе во бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски