ВИДЕО: Разбиена група што криумчарела хероин во Хрватска, тројца приведени

Од:

Во координирана акција на македонската и на хрватската полицијара во Тетово, Гостивар и Куманово приведени се три лица и разбиена е група која криумчарела дрога во Хрватска информира Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

– Оваа акција беше реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на припадниците на Одделот за криминалистичка полиција со полициските службеници од хрватската полиција – Оддел за борба против криминалитет – дрога од полициската управа Истра и Националниот уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет на Р.Хрватска. Истрагата беше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и хрватскиот Уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) – Риека, а со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ, за меѓународно злосторничко здружение составено од наши и хрватски државјани кои криумчареле хероин, при што секој припадник имал различна улога во набавка, продажба, чување, транспортирање и посредување во купопродажби на хероин на подрачјето на Истра, Далмација и Загреб, и на тој начин на подрачјето на Хрватска извршиле продажба на 4,2 кг хероин, при што биле лишени од слобода повеќе лица се вели во соопштението од МВР.

На 23.09.2022 во заедничка акција на хрватската и македонската полиција во која учествуваа и Јавни обвинители од ОЈО за ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на подрачјето на Хрватска беа запленети 3,9 кг хероин, при претрес на дом во Загреб и беа лишени од слобода пет лица, и тоа еден македонски државјанин Б.Џ.(43) с.Синичане, тетовско, и четворица хрватски државјани на возраст од 42, 47, 49 и 66 години. Групата неовластено пуштала во промет хероин на илегалниот пазар за дрога во областа на Далмација од месец септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.

Во денешната акција, по претходно добиена наредба за претрес од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај А.М.(50) од с.Опае, кумановско, пронајден е еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај С.И.(74) од Гостивар пронајден е еден пиштол „ТТ“ кал. 7,62 мм со 168 куршуми кал. 7,62 мм и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е.Н.(63) од с.Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, трите лица се лишени од слобода, а од страна на МВР ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело „злосторничко здружување“ по чл.394 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Приведен арачиновец поради закани кон вработени во интернет портал

Малолетник се застрелал чистејќи пушка

Катерина Павлова-Николовска

Пронајдено украденото возило на Итната помош во Кочани

Катерина Павлова-Николовска

Приведен шверцер, фатен со половина тон тутун

Катерина Павлова-Николовска

Кривична против битолчанка, пијана предизвикала сообраќајка при што загинал совозачот

Ана Ололовска

28-годишник загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Катерина Павлова-Николовска