(ВИДЕО) Распаднати градинки, училишта, амбуланти во село Конопница во Крива Паланка

Од:

Криминалот и корупцијата на Никола Груевски оставија многу населени места во земјава без основни услови за живот и функционирање.

Имено, поголемиот број на училишта, месни заедници и амбуланти на територијата на Општина Крива Паланка се оставени на забот на времето.

Таков е случајот и со Месната заедница и градинката во најголемото кривопаланечко село Конопница кое брои над 1700 жители, посочи Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

-Од снимките можете и самите да се уверите за состојбата на овие простории кои што беше адаптирана за потребите на дечињата во ова село.

Како што може и сами да видите, просториите се празни и разрушени.

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски е должен да одговори зошто оваа градинка нема основни услови за да ги згрижи најмилите?

Зошто месните заедници немаат никакви ингеренции и не се во функција?

Потсетуваме дека правда ќе има и за сите злоупотреби ќе следуваат соодветни законски постапки.

Доаѓа слободна и демократска Македонија во којашто интересот на граѓаните ќе биде на прво место, кажа Мицевски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски