(ВИДЕО) Рангелова: Жерновски ја призна грешката

Од:

Градоначалникот Жерновски ја призна грешката. Откако без рационално објаснување ја укина можноста за целодневен престој, за четврто и петто одделение во основните училишта во Центар, се реши да не тера инает со родителите и ја прифати иницијативата на граѓаните на Центар, а која ние како советничка група ја поддржуваме, реагираше Данилеа Рангелова, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека Жерновски ја укина целодневната настава за четврто и петто одделение која била финансирана од општински средства, а сега се амнестира дека не е виновен.

-Ако општина Центар еднаш можела да обезбеди средства за оваа намена може тоа да го направи и за оваа и за идните учебни години. Недозволиво е општина Центар да нема пари за образование, а притоа да обезбедува средства за вработување на своите партиски војници.

Затоа ние како советничка група од редовите на коалицијата предводена под ВМРО-ДПМНЕ ја увидовме ситуацијата во која ги доведе Жерновски родителите со својата одлука. Така како одговор на нивните петиции и барања решивме да дадеме поддршка на оваа иницијатива која денес беше прифатена од мнозинството на Советот на општина Центар, рече Рангелова.

-Со денешната одлука на Советот по иницијатива која ја подджа ВМРО-ДПМНЕ беше испрвена една грешка која новата локална власт предводена од Жерновски ја направи на стартот од својот мандат, посочи Рангелова.

-Барање е на граѓаните, ние како светници го прифаќаме тоа што го бараат граѓаните. Иницијативата ја прифаќаме и без политички говори и ситни поени на нешто што не треба да се прави, реагираше Јован Тагасовски, советник на СДСМ кои имаат мнозинство во Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски