(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Вистински скандал е што функционери на владата на СДС земаат плата и како носители на јавни функции и како советници

Од:

„Вистински скандал е што функционери на владата на СДС земаат плата и како носители на јавни функции и како советници.

Мала им била платата како државни функционери па себе си се наместиле и како советници во министерството за здравство.

Објавени документи во дел од медиумите, покажуваат дека високи функционери во министерството во исто време се и именувани функционери, за што земаат плата од министерството, но и советници самите на себе. Таков е случајот со државниот секретар во министерството за здравство кој воедно значи и како претседател на општинската организација на СДС во Штип Владимир Милошев е државен секретар но во исто време е и државен секретар во министерството, и советник на министерот од областа на максилофацијалната хирургија.

Според документите се гледа дека министерот Таравари исто така, во исто време е министер, и советник за неврологија на самиот себеси.

Ова е скандал од големи размери, и покажува колкава е аздисаноста на врхушката на власта, повисоки хонорари и плати.

Додека бебиња умираат, има постојани смртни случаи, се откажуваат или кочат стратешки проекти во министерството за здравство. Во исто време во министерството се испумпува пари плаќајќи хонорари за советници.

Според информациите објавени во медиумите, останатите советници, во исто време се и советници и членуваат комисиии и управни одбори, каде исто така земаат големи хонорари.

Ова е претеризам и раскалаженост. Се немало контрола и власта на СДС не знае за доста. Ова е голем скандал. Излевани се илјадници евра. Одговорност мора да има. Бараме итна реакција и одговорност за сите кои земале плата како функционери и советници“, изјави Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ