(ВИДЕО) Рамбабова: ВМРО-ДПМНЕ остави само 5 возила за брза помош во Скопје, сега има 14 нови амбулантни возила, нова опрема и нови ЕКГ апарати

Од:

„Пандемијата со Ковид-19 зема замав ширум Европа, расте бројот на инфицирани граѓани и кај нас, а со тоа расте и притисокот врз здравствениот систем и здравствените работници.

Доброто менаџирање со кризата досега е резултат на повеќе фактори. Професионалниот и стручен лекарски кадар, управувањето со здравствениот систем, навремено преземање мерки за заштита на населението, но, и на подобрените услови за работа, вложувањата во здравството, во медицинскиот персонал.

Хаосот во здравството што го остави ВМРО-ДПМНЕ по 11 годишно запоставување и девастирање на здравствените институции и негрижата за здравствените работници го променивме за само 3 годии“, рече Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ.

„Деновиве кога ги слушаме ВМРО-ДПМНЕ како зборуваат за здравството, во интерес на јавноста и вистината сакаме да потсетиме за хаосот што го остави оваа партија.

После 11 години ВМРО-ДПМНЕ во Скопје остави само 5 исправни амбулантни возила за итната медицинска помош и 2 неисправни. Поради нередовно одржување откажаа уште 3 возила.

Замислете, брзата помош во главниот град и околината ВМРО-ДПМНЕ ја остави само со четири возила. Целиот град Скопје со околината, вклучително и за автопатите Скопје-Велес, Скопје-Куманово.

Цели 10 години ниту еден ЕКГ апарат не бил набавен, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ здравјето не било важно туку спомениците.

За само 3 години, откако министерот Филипче и СДСМ управуваат со здравствениот систем обезбедени се 14 возила за итна медицинска помош, 13 целосно нови и едно половно.

За само три години набавени се нови 13 ЕКГ апарати за итната медицинска помош, додека ВМРО-ДПМНЕ за 10 години не набави ниту еден.

Обезбедени се униформи за целиот персонал и заштитна опрема, УВ лампи за дезинфекција, ранци со санитетски материјал, наменети за непогоди, батерии за радиостаници, итната медицинска помош е дополнета со дефибрилатори, редуцири на апаратите за кислород.

Објектот на итната медицинска помош, кој беше оставен на забот на времето сега е во фаза на обнова со поправена водоводна инсталација, подобрени услови за вработените.

Бидејќи цели 11 години никој од ВМРО-ДПМНЕ не се сетил дека „брзата помош“ мора да работи и кога нема струја, набавивме агрегат за централата 194 а поставена е и нова телефонска централа.

Е тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ кој остави хаос и руини во јавното здравство, СДСМ преку инситуциите што ги предводи обезбедува сериозни инвестиции во здравствениот сектор и вложува во она што е најважно – здравјето на граѓаните“, изјави Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме