ВИДЕО: Пукање во Струмица, момче со лисици им избега на полицајци

Од:

Полицајци во цивилка пукале во воздух откако се обиделе да приведат момче во Турското маало во Струмица.

Инцидентот се случил околу 18:00 часот на улицата Бетовенова. Лицата пред момчето се претставиле дека се инспектори од МВР и по неколкуминутна расправија му ставиле лисици.

Момчето со лисици успеало да избега и да се скрие зад толпата која не дозволувала да биде приведено.

ОД МВР велат дека настанот не е затворен, но потврдија дека двајца инспектори наишле на отпор при обид да приведат осомничено лице. Велат дека инспекторите биле физички нападнати при што испукале куршуми во воздух за да ја заплашат масата народ.

При судирот инспекторите се здобиле со повреди и се пренесени во општата болница во Струмица. Причините за инцидентот дополнително ќе се утврдуваат. Од МВР најавуваат повеќе информации за утре.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи