ВИДЕО: Пукање на Матка, меѓу напаѓачите и внукот на реисот?

Од:

Тепачка меѓу две групи настанала попладнево на Матка, во делот каде што се наоѓаат чамците кај езерото. Во групата на напаѓачите, неофицијално, бил и внукот на реисот Реџепи, барем така посочиле нападнатите лица.

Од видеото до кое дојде „А1он“ може да се види моментот кога доаѓа до туркање и се слуша еден истрел од огнено оружје.

Засега не е позната причината за пресметката. На новинарски екипи не им е дозволено да пристапат до местото на настанот.

Според нашите информации, на лице место се врши увид, присутни се лицата кои биле нападнати, а напаѓачите побегнале. Од МВР за „А1он“ неофицијално изјавуваат дека нивниот идентитет е познат и по нив веќе се трага.

Би можело да ве интересира

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски

Пукал со калашников во автобус полн со патници

А1он