(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Од:

Скандалот што ја тресе соседна Србија, а се однесува на жртвите на професорот по глума Мика Алексиќ, повторно ја актуелизираа темата за сексулано насилство врз деца. Како да се охрабрат жртвите да проговорат, како да се препознаат децата изложени на насилство, и конечно како да се превенираат овие случувања разговаравме со психолог Ивана Хаџиванова, основач на „Неокортекс“, Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација.

Според Хаџиванова, профилот на оние предатори кои се јавуваат меѓу педагози е специфичен, бидејќи тие долго ги подготвуваат жртвите пред да го сторат грозоморниот чин. Тие се стекнуваат со доверба кај децата преку нивниот авторитет, некои дури се наметнуваат како идоли.

-Секако не треба да се генерализира, но зборувам за конкретните примери кои се актуелни во јавноста, вели Хаџиванова.

„Жртвите на сексуално насилство молчат од многу причини и треба внимателно да се постапува од страна на јавноста. Храброста зад тастатурите и осудата без трошка емпатија е поразителна за жртвите. Тоа е двојна виктимизација и тоа создава дополнителни последици тие да се справат со нивната психолошка состојба.“, вели Хаџиванова.

Би можело да ве интересира

Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

20 години затвор за Французинот кој 10 години ја дрогирал и ја изнајмувал за силување сопругата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки