(ВИДЕО) Првиот синдикалец во државата се вози со луксузна „Мазда 6“

Од:

Додека денеска членовите на Мултиетничкиот синдикат на образование самите изнесуваа предмети од канцаларијата затоа што беа принудени да се иселат од зградата, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски не се појави пред медиумите за да објасни што се случува.

Единстевно неговото присуство во зградата беше видливо од „бесното“ службено возило „Мазда 6“ кое беше паркирано пред зградата на ССМ. Тој дури и испрати вработен во чуварската служба на новинарите да им подели соопштенија, но, како во други прилики не се појави самиот.

По се изгледа функцијата претседател на ССМ е еднакво добра и исплатлива како и останатите државни функции . Никаде во светот првиот синдикалец не се вози со скапи возила и никаде не може да се замисли некој од синдикатот да не може да контактира со него.
За каков прв синдикалец станува збор кога користи и телохранители, за што го обвинија синдикалците.

Речникот со кој се користи потсетува на владиниот. Во соопштенијата кои ги испрати по чуварот, се вели дека претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ е во пензија, а како што пишува- „таканаречениот“ синдикален лидер Здравко Савевски нема синдикална база и во неможност да се докаже во други организации, се претставува и како синдикалец. И натаму:

„Иако знаеме дека неговото дејствување е најмалку синдикално, туку најчесто е водено од лични амбиции, па нема поле каде што не се обидел да се самодокажува, па повремено е аналитичар, политичар, самонаречен експерт, левичар и слично“, стои во писмото поделно на новинарите.

Во објавата за медиуми на Сојузот на синдикати се вели и:

„Овие два ликови во текот на досегашниот период, ако нешто правеле тие најмалку се грижеле за синдикалните членови, истите се декларираат со нелегитимно членство од нецели 165 членовии се претставуваат како грански синдикат, а како што репрезентативен синдикат во оваа област е синдикатот на СОНК“, стои во соопштението на ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори