ВИДЕО: Протестите нема да престанат додека Груевски не си поднесе оставка

Од:

Самоорганизираното граѓанско движење „Протестирам“, ќе продолжи да протестира се’ додека целата влада не си поднесе оставка. Тие сметаат дека оставките на министите Јанкуловска и Јанакиевски и директорот на УБК, Мијалков, е победа на граѓаните, но не се задоволни само од неколку оставки и бараат оставка од целата влада

– По оставките на Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков е повеќе од јасно дека самоорганизираното автентично движење од страна на граѓаните кое започна од 5 мај, вродува со плод. Ѕокму тие настани од вчера, се причина ние денеска да побараме уште помасовно, погласно, заедно сите солидарно, во 18 часот пред Владата да го искажеме нашиот револт и да ги повториме нашите барања.

Не само оставки на поединци, туку целосна оставка на владата. Притоа, не само да понесување на политичка одговорност, туку и правна одговорност за сета корупција, криминал и за сето неуставно и неетичко однесување во последните неколку години, рече Анастас Вангели од граѓанската иницијатива „Протестирам“

Тој го потенцира нивното второ барање како особено важно, а тоа е итно ослободување на сите активисти уапсени од 5 мај наваму. Се работи за 11 лица во притвор и едно лице во домашен притвор.

– Нашето трето барање е моментот да не се користи за предвремени избори – не нови, уште едни предвремени шарлатански, лажирани избори, туку формирање на преодна влада која што ќе има мандат да ги демократизира институциите, да го исчисти избирачкиот список и да организира фер и демократски избори, рече Вангели.

На граѓанското движење се приклучува и Студентскиот пленум кој повика на мирни и ненасилни протести пред Влада.

– Денеска имаме второ барање а тоа ослободување на сите наши притворени колеги, со тоа што протестот ќе помине и кај Основен суд, кој студентскиот пленум го смета за нелегитимен, рече Орхан Сулејмани од Студентскиот пленум.

Протестот на 5 мај, пред Владата беше предизвикан од објавувањето на политичката бомба на Заев во која се обелодени дека МВР и други безбедносни институции се обиделе да го сокријат убиството на Мартин Нешковски во 2011 година.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа